Славниот аргентински тренер, Ектор Купер, го направи ветеното и ги однесе ДР Конго до плејофот за влез на Мундијалот во Катар 2022 со 2:0 победа над Бенин, но целото славје во огромната африканска држава може да биде загорчено поради грешка на стратегот.
ДР Конго единствен пат играше на Светските првенство во 1974 година, кога државата го носеше името Заир, така што не беше чудно да се видат прославите во африканската земја, кои можат да бидат прекратени поради херојот Купер.
Купер направил четири замени во составот во второто полувреме, и иако под новите правила се дозволени пет замени во еден натпревар, во едно полувреме се дозволени само три замени без да се сметаат замените на полувреме. Купер ги заменил играчите во 63., 77., 84. и 90. минута, и откако во фудбалската федерација на Бенин ја забележале грешката го пријавиле случајот до ФИФА. Конечниот изглед на табелата во групата Ј ги остава ДР Конго на првото место со 11 поени, додека Бенин имаат 10 поени.
Ова не е прват да се случи ваков бизарен случај. Во ноември 2020 година, Либија загуби дома од Екваторијална Гвинеја со 2:3 во меч во кој гостите искористија четири замени во едно полувреме, Либија се жалеше до ФИФА, но наместо казна за Гвинеја, беше казнет судијата на мечот.