Top Sport

Карвахал: Сити комплетно нѐ надигра

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ја призна супериорноста на Манчестер Сити во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите на „Етихад“.

„Граѓаните“ победија со 4:0, а Шпанецот изјави дека тотално го надиграле неговиот тим на тој меч.

„Игравме против ривал кој беше подобар од нас на овој натпревар. Тие тотално нѐ надиграа. Мора да признаеме дека Сити беше подобар тим и нешто ни недостигаше. Не се работи за ставот, но дозволивме премногу да не притискаат. Во второто полувреме имавме добри моменти. Знаевме дека Манчестер Сити е многу силен дома, но по првиот натпревар имавме верба дека можеме подобро од она што го покажавме. Ние сме Реал Мадрид и ќе се вратиме посилни. Ќе работиме напорно за да се вратиме повторно следната сезона“, изјави Карвахал.

 

Scroll to Top