Поранешниот голман на Ливерпул, Брус Гробелар откри дека уринирал на стативите на „Енфилд“ за да помогне тимот да ја крене титулата од Премиерлигата во 2019/20.
Гробелар, кој доаѓа од Зимбабве, во Африка дознал дека лек за кревање на „клетвата“ е да уринираш на стативите и тој решил на необичен начин да му помогне на својот поранешен клуб.
„Се измокрив во шише, и потоа го истурив на ставитите и на пречката на двете страни, по што одбранив пенал на добротворниот меч, а потоа ‘црвените’ почнаа со победничка низа на ‘Енфилд’ и ја освоија Премиерлигата“, вели Гробелар.
Ливерпул во 2020 ја прекинаа неславната низа без титула во 2020. 64-годишниот Гробелар беше голман на Ливерпул од 1981 до 1994 година, освојувајќи шест англиски титули, три ФА купови и Европскиот куп во 1983/84.