Top Sport

ГРУПА Е: Дали „Фуријата“ има сила за голем дострел

ШПАНИЈА

„Тики-така“ е минато, но малкумина би биле толку храбри да ги потценат шансите на Шпанија на ЕУРО 2020, освен ако корона вирусот не им ги помати плановите по позитивните тестови на неколку репрезентативци.

Сите три меча во групната фаза, Шпанците ќе ги играат пред сопствена публика во Севилја, каде што очекувањата ќе се огромни. Ова е репрезентацијата која со 6:0 ја совлада Германија во Лигата на нации во ноември, но и репрезентацијата која одигра 1:1 со Грција во квалификациите за СП во март. Енрике не се плашеше да ја подмлади репрезентацијата, но тоа не ја намалува нивната сила. Фаворити, не само во групата, туку и на целиот шампионат.

Голмани:  Унаи Симон (Билбао), Де Хеа (Манчестер јунајтед), Санчез (Брајтон)

Одбрана: Гаја (Валенсија), Алба (Барселона), Пау Торес (Вилјареал), Лапорт (Манчестер сити), Е.Гарсија (Барселона), Д.Љоренте (Лидс), Азпиликуета (Челси)

Среден ред: М.Љоренте (Атлетико Мадрид), Бускетс (Барселона), Родри (Манчестер сити), Педри (Барселона), Тијаго (Ливерпул), Коке (Атлетико Мадрид), Фабијан (Наполи), Олмо (Лајпциг), Сарабија (ПСЖ)

Напад: Морено (Вилјареал), Мората (Јувентус), Ф.Торес (Манчестер сити), Траоре (Вулверхемптон), Ојарзабал (Сосиедад)

ШВЕДСКА

Швеѓаните, слично, како и Шпанците, се најдоа пред неочекуван проблем пред ЕУРО, позитивниот тест на двајца редовни репрезентативци, вклучувајќи го и Дејан Кулушевски, фудбалерот кој на овој шампионат можеше да го носи и нашиот дрес доколку одлучеше така.

Златан Ибрахимовиќ се врати кај „трите круни“ по долга пауза, но веднаш се повреди и пропушти шанса да биде маскота на шампионатот. И без него, се работи за воигран тим, кој е во добра форма пред шампионатот. Секогаш незгодни и неизвесни.

Голмани: К.Ј.Јохансoн (Копенхаген), Нордфелт (Генчербирлиги), Олсен (Евертон)

Одбрана: Крафт (Њукасл), Линделоф (Манчестер јунајтед), Даниелсон (Далијан Јифанг), Олсон (Хакен), Аугустинсон (Вердер), Јансон (Брентфорд), Хеландер (Ренџерс), Лустиг (АИК), Гранквист (Хелсинборг)

Среден ред: Форсберг (Лајпциг), Сема (Вотфорд), Клесон (Краснодар), Кулушевски (Јувентус), Ларсон (АИК), Екдал (Сампдорија), Олсон (Краснодар), Кајусте (Митјиланд), Сванберг (Болоња), Свенсон (Гуангжу)

Напад: Берг (Краснодар), Исак (Сосиедад), Кваисон (Мајнц), Џ.Ларсон (Спартак Москва)

ПОЛСКА

Пред четири години на ЕП тие стигнаа до четврт-финалето, но потоа следуваше разочарувачкиот настап на СП во Русија во 2018, кога завршија на последното место во својата група. Тие во јануари му дадоа отказ на селекторот Јержи Брзечек, и го донесоа Португалецот Пауло Соуса со желба за напаѓачки фудбал.

А во нападот, таму е Роберт Левандовски, вистинската гол-машина и според многумина најдобриот напаѓач на денешницата. Сепак, одбраната и средниот ред не се импресивни и пласман во втората рунда би бил достигнување за почит.

Голмани: Фабијански (Вест хем), Шчесни (Јувентус), Скорупски (Болоња)

Одбрана: Беднарек (Саутемптон), Берешински (Сампдорија), Давидович (Верона), Глик (Беневенто), Хелик (Барнсли), Кедзиора (Динамо Киев), Пјотковски (Чехстохова), Пухач (Лех), Рибус (Локомотив Москва)

Среден ред: Франковски (Чикаго), Јозвијак (Дерби), Клих (Лидс), Козловски (Шќеќин), Криховијак (Локомотив Москва), Линети (Торино), Модер (Брајтон), Плахета (Норич), Зиелински (Наполи)

Напад: Ковњацки (Фортуна Диселдорф), Левандовски (Баерн), Милик (Марсеј), Свидерски (ПАОК0, Свјерчок (Пјаст).

СЛОВАЧКА

За Словачка ова е второ Европско првенство во историјата како независна држава, и слично како Македонија, влегоа на шампионатот преку плејофот во Лигата на нации, совладувајќи ги Ирска и Северна Ирска. Тие се несомнено аутсајдери во групата, но на минатото ЕП во Франција, тие успеаја да извлечат поени против Англија и Русија, пред да загубат од Германија во осминафиналето.

Во одбраната тие го имаат еден од најдобрите центар-халфови на континентот, Милан Шкринијар, кој помогна Интер дури 15 меча минатата сезона да не прими гол, така што нема да биде лесно да им се даде гол.

Голмани: Дубравка (Њукасл), Родак (Фулам), Кучиак (Лехија)

Одбрана: Пекарик (Херта), Сатка (Лех), Вавро (Уеска), Шкринијар (Интер), Хубочан (Омонија), Ханцко (Спарта Прага), Косцелник (Либерец), Ваљент (Мајорка)

Среден ред: Хамшик (Гетеборг), Лоботка (Наполи), Хросовски (Генк), Куцка (Парма), Дуда (Келн), Мак (Ференцварош), Вајс (Слован Братислава), Бенеш (Аугзбург), Хараслин (Сасуоло), Хромада (Славија Прага), Суслов (Гронинген), Грегус (Минесота)

Напад: Дурис (Омонија), Бозеник (Феенорд), Шранц (Јаблонец)

Scroll to Top