Top Sport

ГРУПА Ф: Како да се преживее групата на смртта?

ФРАНЦИЈА

Многумина уште пред стартот на ЕУРО 2020 би се обложиле дека Франција ќе стигне до титулата, или барем до финалето, посебно поради фантастичната форма на „триколорите“ на Дидие Дешам. Французите стигнаа до финалињата на последните два големи турнири, и освен пласман во големото финале на „Вембли“ на 11 јули се друго би се сметало за неуспех.

Нема позиција на која Французите се слаби – во одбраната ги имаат Варан, Ернандез, Кимпембе, во средниот ред неверојатниот Канте, Погба, а во нападот на Килијан Мбапе му се приклучува и Карим Бензема по петгодишна пауза од националниот дрес. Кој ќе може да ги сопре?

Голмани: Љорис (Тотенхем), Мањан (Милан), Манданда (Марсеј)

Одбрана: Дињ (Евертон), Дубоа (Лион), Л.Ернандез (Баерн), Кимпембе (ПСЖ), Кунде (Севилја), Ленгле (Барселона), Павар (Баерн), Варан (Реал Мадрид), Зума (Челси)

Среден ред: Канте (Челси), Лемар (Атлетико Мадрид), Погба (Манчестер јунајтед), Рабио (Јувентус), Сисоко (Тотенхем), Толисо (Баерн)

Напад: Бен Једер (Монако), Бензема (Реал Мадрид), Коман (Баерн), Дембеле (Барселона), Жиру (Челси), Гризман (Барселона), Мбапе (ПСЖ), Турам (Менхенгладбах)

ГЕРМАНИЈА

Ако има репрезентација на која и треба голем резултат на ЕУРО 2020, тоа е Германија. По фијаското на минатото СП во Русија, кога не успеаја да стигнат до втората рунда, следуваше и понижувачкиот пораз од 6:0 од Шпанија минатата година, по што многумина се сомневаа дека селекторот Јоаким Лев треба да продолжи. За маката да биде поголема, последниот официјален меч пред ЕУРО им беше поразот од Македонија во квалификациите за СП.

Лев ги врати искусните Томас Милер и Матс Хумелс во тимот, и ќе мора да стартува со одличен резултат против Франција. Тони Крос, Илкај Гундоган и Мануел Ноер уште се „столб“ на репрезентацијата, но тука се и „новаците“, Серж Гнабри, Тимо Вернер и Каи Хаверц. Тимот е силен, но прво мора да се мине групата.

Голмани: Ноер (Баерн), Лено (Арсенал), Трап (Ајнтрахт)

Одбрана: Гинтер (Менхенгладбах), Ридигер (Челси), Госенс (Аталанта), Гинтер (Фрајбург), Халштенберг (Лајпциг), Хумелс (Дортмунд), Клостерман (Лајпциг), Кох (Лидс), Зиле (Баерн)

Среден ред: Гундоган (Манчестер сити), Крос (Реал Мадрид), Џан (Дортмунд), Кимих (Баерн), Милер (Баерн), Мусијала (Баерн), Гнабри (Баерн), Горецка (Баерн), Хаверц (Челси), Хофман (Менхенгладбах), Сане (Баерн), Нојхаус (Менхенгладбах)

Напад: Вернер (Челси), Воланд (Монако)

УНГАРИЈА

Унгарците навистина немаа среќа со ждрепката за ЕУРО 2020, со „пеколна“ група, која ќе ја стартуваат и без својата прва ѕвезда, Доминик Собослаи, кој се повреди пред шампионатот. Сепак, под водство на италијанскиот тренер, Марко Роси, Унгарците имаат само еден пораз во претходните 11 мечеви.

Унгарија, слично како и Македонија, влезе на шампионатот преку плејофот во Лигата на нации, но имаат голема предност што два од трите меча во групната фаза ги играат на прекрасната „Пушкаш арена“ во Будимпешта. Аутсајдери, но аутсајдери кои можат да направат големи проблеми.

Голмани: Богдан (Ференцварош), Дибус (Ференцварош), Гулачи (Лајпциг)

Одбрана: Бола (Фехервар), Ботка (Ференцварош), Фиола (Фехервар), Кечкеш (Лугано), Ланг (Омонија), Ловренчич (Ференцварош), Орбан (Лајпциг), Салаи (Фенербахче)

Среден ред: Чери (Мезоковезд), Газдаг (Хонвед), Холендер (Партизан), Клајнхајслер (Осијек), Наѓ (Бристол), Него (Фехервар), Шефер (Дунајска Стреда), Сигер (Ференцварош)

Напад: Хан (Пакс), Николиќ (Фехервар), Салаи (Фрајбург), Шен (Далас), Салаи (Мајнц), Варга (Касимпаша), Варга (МТК)

ПОРТУГАЛИЈА

Португалија ќе се обиде да го повтори успехот на нивните соседи Шпанците, кои во 2008 и 2012 ја освоија европската титула. Задачата ќе биде многу тешка и покрај тоа што во нивниот состав имаат големи ѕвезди.  Комбинацијата на искуство (Роналдо, Бруно Фернандеш, Пепе) и младите сили (Дијаш, Ренато Санчес, Жоао Феликс), го прави тимот на Фернандо Сантош непријатен противник за сите, и покрај тоа што би било успех само да се помине „групата на смртта“.

Голмани: Лопеш (Лион), Руи Патрисио (Вулверхемптон), Руи Силва (Гранада)

Одбрана: Жоао Кансело (Манчестер сити), Семедо (Вулверхемптон), Фонте (Лил), Пепе (Порто), Рубен Дијаш (Манчестер сити), Нуно Мендеш (Спортинг), Гереиро (Дортмунд)

Среден ред: Переира (ПСЖ), Жоао Палиња (Спортинг), Невеш (Вулверхемптон), Фернандеш (Манчестер јунајтед), Мутињо (Вулверхемптон), Ренато Санчес (Лил), Оливеира (Порто), Карваљо (Бетис)

Напад: Гонсалвес (Спортинг), Андре Силва (Ајнтрахт), Бернардо Силва (Манчестер сити), Роналдо (Јувентус), Диого Жота (Ливерпул), Гуедеш (Валенсија), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Рафа Силва (Бенфика)

Scroll to Top