Македонската репрезентација до 17 години, доживеа тежок 1:6 пораз од Грузија во квалификациите за Европското првенство, во меч во кој Зурико Давиташвили ни даде дури четири гола.
Давиташвили го комплетираше хет-трикот уште за само 16 минути, по што автогол си постигна Трпчевски за победникот во мечто да биде решен. Давиташвили во второто полувреме додаде уште еден гол, пред Кварацхелија да зголеми на 0:6. Почесниот гол го даде Тошевски.
Селекцијата на Горан Станиќ елитните квалификации ги заврши со три порази по тие од Ирска и Полска.