Top Sport

Гвардиола бара Кварацхелија на лето да дојде во Манчестер Сити

Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити го следи грузискиот репрезентативец Kвича Кварацхелија кој го носи дресот на лидерот во Серија А, Наполи. Левото крило му се приклучи на клубот од Неапол летото во трансфер вреден 10 милиони евра од грузискиот Динамо Батуми со договор до јуни 2027 година и остави одличен впечаток со своите досегашни игри.

Според информациите од Островот, 21-годишниот Грузиец го привлече вниманието на менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Тој има спосбности за неверојатни дриблинзи и умее да создава шанси за соиграчите, а тоа го импресионира Гвардиола. Тој веќе побарал од раководството да се обиде да го доведе на „Етихад“ во летниот преоден рок.

Во првиот дел од сезоната Кварацхелија постигна 14 гола и забележа 15 асистенции на 26 официјални натпревари во дресот на Наполи, а неговата цена во моментот изнесува околу 70 милиони евра.

Scroll to Top