Top Sport

Вечен е! Луис Суарез со хет-трик за 38 минути во дебито за Гремио

Луис Суарез докажа дека годините се само бројка за него, постигнувајќи хет-трик во само 38 минути во дебито за бразилскиот Гремио против Сао Луиз.

Тој го отвори резултатот со одличен волеј по само пет минути, по што при резултат 2:1 за Гремио да го постигне својот втор гол по 32 минути, за да го комплетира хет-трикот во 38. минута со одличен волеј удар за конечна 4:1 победа.

Победата значеше и прв трофеј за Уругваецот во бразилскиот фудбал, бидејќи ова беше меч од Рекопа Гауча пред стартот на регионалниот Гаучо шампионат.

Scroll to Top