Top Sport

Новиот тренер на Црвена Звезда побарал тениски меч со Новак Ѓоковиќ како услов за да дојде

Израелецот Барак Бахар денеска беше претставен како нов тренер на српскиот шампион Црвена Звезда. Тој потпиша тригодишен договор откако претходно освои шест првенствени титули во Израел, три со Хапоел Бер Шева и три со Макаби Хаифа.

„Кога ми се јави претседателот на Црвена Звезда, му реков дека ќе дојдам на работа во Белград доколку договори меч со Новак Ѓоковиќ. Играв тенис како тинејџер и не сум рамнодушен кон овој спорт. Да не зборувам за моето воодушевување за Ѓоковиќ“, започна новиот тренер на „црвено-белите“.

„Возбуден сум што сум овде, мило ми е што гледам нови лица, благодарам за топлото добредојде. Знам каков клуб е Црвена Звезда. Претседателот Терзиќ дојде кај мене двапати во Израел да разговараме. Благодарен сум му за вербата во мене и во мојот тим. Го видов музејот,импресиониран сум и од навивачите на тимот. Главни цели за мене се добрите резултати во групата во Лигата на шампионите, важно е и да ја продолжиме доминацијата во Србија. Исто така, знам дека и победите над Партизан се важни, но за мене главната цел е успехот во Европа“, истакна Барак Бахар.

 

Scroll to Top