Top Sport

Гвардиола ќе го купува Белингем како замена за Бернардо Силва

Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да се раздели со Бернардо Силва, но менаџерот Пеп Гвардиола веќе ја испланирано неговата замена. И тоа не било кого, туку најголемиот талент од Островот, Џад Белингем кој го носи дресот на Борусија Дортмунд.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните“ би требало да добијат околу 60 милиони евра од трансферот на португалскиот ас Бернардо Силва на „Камп Ноу“, а ќе ги вложат и ќе доплатат за Белингем.

„Милионерите“ бараат најмалку 80 милиони евра за него, а го купија за 25 милиони евра пред две години.

Ливерпул и Јирген Клоп исто така го сакаат Џад Белингем за следното лето, во игра е и Реал Мадрид, но Гвардиола и Сити повторно би можеле да реагираат најбрзо, како и за Ерлинг Халанд.

Scroll to Top