Пеп Гвардиола се „иззема“ од трката за наследник на Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус, велејќи дека не оди во Италија откако Алегри доби отказ од „старата дама“.
Јувентус потврди дека Алегри не останува за следната сезона, заминувајќи си од Торино една година пред крајот на неговиот договор. Гвардиола и претходно беше поврзуван со оваа позиција, бидејќи наводно газдата Андреа Ањели е љубител на неговиот стил на игра, но Каталонецот вели дека тоа нема да се случи.
„Колку пати треба да кажам? Не одам во Јувентус, нема да ја сакам Италија. Задоволен сум во Манчестер сити и не одам никаде. Следната година ќе бидам менаџер на Сити и го кажав тоа многу пати“, изјави Гвардиола на прес-конференција.
Сега, нормално, почна лицитацијата со имињата за следниот тренер на италијанскиот шампион, и засега први фаворити се Маурисио Почетино од Тотенхем и Симоне Инзаги од Лацио, како и поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте.