Пеп Гвардиола повторно излегува со интересна изјава, откако по 3:1 победата над Астон вила тврдеше дека тој има најмал избор на играчи во Премиерлигата.
Сити, за потсетување, потрошија речиси 2 милијарди фунти на фудбалери откако беа преземени од шеикот Мансур од Абу Даби во 2008 година, период во кој освоија шест титули од Премиерлигата. Според веб-сајтот „Трансфермаркт“, составот на Сити е проценет на 1.05 милијарди евра, и Гвардиола имаше можност да остави на клупа фудбалери како англиските репрезентативци Калвин Филипс и Фил Фоден и аргентискиот напаѓач Хулијан Алварез.
Сепак, Каталонецот тврди дека има помалку од 20 играчи за избор.
„Имаме само 18-19 фудбалери, нашата клупа е мала, можеби најмала во Премирлигата. Затоа е важно да немаме повреди и имме фантастична методологија за избегнување повреди и замор. Имаме неверојатни доктори и физиотерапевти“, тврди Гвардиола.