Помошникот на Пеп Гвардиола, Хуанма Лилјо си замина од Манчестер сити за да го преземе катарскиот клуб Ал-Сад СЦ, како последен од низата на помошници на Гвардиола кои најдоа тренерска работа.
Лилјо пристигна во Сити во јуни 2020 и со Гвардиола освои две титули од Премиерлигата и стигна до финалето на Лигата на шампионите. Гвардиола никогаш не им пречел на своите соработници да најдат работа, откако Микел Артета замина во Арсенал, а Доменек Торент стана тренер на Њујорк Сити ФЦ
„Неговото фудбалско познавање е огромно. Тој ги гледа работите кои ретко можат да се видат“, изјави Гвардиола.
Лилјо има 40-годишно тренерско искуство во Шпанија, Мексико и Кина. Без него, Гвардиола останува со двајца помошници, поранешниот тренер на Ливерпул, Родолфо Борел и Карлос Викенс.