Пеп Гвардиола направил храбро ветување на кризниот состанок на Манчестер сити по двегодишната суспензија од Лигата на шампионите која им ја одреди УЕФА, велејќи дека е подготвен да биде со својот клуб и во Лига два (односно четвртата англиска лига), јавуваат британските медиуми.
Англискиот шампион се најдоа на удар на УЕФА поради сериозни прекршувања во финансискиот ферплеј и лажирањето на податоците за примените спонзорски пари во клубот. УЕФА одреди дополнителна казна од 30 милиони евра, а во исто време се шпекулира дека Премиер лигата ќе одреди казна со поени за Сити, а можно е и ретроактивно одземање на поени, што би значело губење на некоја од претходните титули.
Веднаш по ова почнаа шпекулациите околу иднината на првите ѕвезди на тимот, но и на Гвардиола по шпекулациите дека Јувентус е подготвен да „интервенира“. Но, според „Скај спортс“, Гвардиола јасно се посветил на тимот на состанокот со своите играчи.
„Која и да сме лига, јас сум тука. Дури и да не пратат во Лига два, јас ќе бидам тука. Ова е време да бидеме заедно“, изјавил наводно Гвардиола.
Генералниот директор, Феран Соријано пак, дал малку поинаква изјава: „Верувајте ми како што јас ви верувам, ова ќе замине“.
Гвардиола има договор со Сити до крајот на сезоната 2020/21.