Top Sport

Дончиќ го реши дербито на Тексас (Видео)

Лука Дончиќ со 21 трипл-дабл во кариерата ги предводеше Далас Маверикс до победа над Сан Антонио 109:103.

Словенецот натпреварот го заврши со 26 поени, 10 скока, 14 асистенции, но и седум „продадени“ топки. Тој погоди 50 отсто од обидите за два поени (7/14), 27 отсто за три (3/11), а погоди и три од четирите слободни фрлања.

Со 21 трипл-дабл во кариерата, како играч на Маверикс, Дончиќ во својата втора сезона се израмни со легендарниот Џејсон Кид на првото место, на вечната листа кај оваа франшиза.

Покрај Дончиќ, во победата над Спарс, блескаше и Летонецот Кристап Прозингинс со 28 поени и 12 скока.

Кај Спарс се истакна Демар Дерозан со 27 поени, осум скока и девет асистенции.

Scroll to Top