Top Sport

Хаким Зијеш доаѓа на „Сан Сиро“?

Италијанскиот калчолигаш Милан сака да се ослободи од Анте Ребиќ, а тоа треба да отвори простор за ангажман на мароканскиот интернационалец Хаким Зијеш од Челси. Англискиот клуб не би правел проблем за негово заминување, но во моментот „росонерите“ преговараат за неговата плата на „Сан Сиро“.

Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ дојде во Милан во летото 2019 година. Тој оваа сезона постигна три гола и забележа две асистенции на 14 настапи за Милан во сите натпреварувања. Сепак, пречесто е повреден и поради тоа „росонерите“ би сакале да го продадат.

Милан доцни седум бода зад лидерот Наполи во трката за одбрана на „скудетото“.

Scroll to Top