Интересна информација доаѓа од Мароко, поврзана со фудбалската ѕвезда Ашраф Хакими.
Сопругата на Хакими поднесе барање за развод и побара половина од неговиот имот. Сепак, судот ја информирал дека нејзиниот сопруг „милионер“ не поседува ништо свое бидејќи сите негови имоти се запишани на име на неговата мајка.
Хакими, кој неодамна беше обвинет за силување, заработува околу еден милион евра месечно во Пари Сен Жермен, но 80 отсто од таа сума уплаќа на сметката на неговата мајка, г-ѓа Фатима.
Официјално, тој нема имот, автомобили, куќи, накит или други вредни работи, иако реалната ситуација не е таква.
Во секој случај, оваа вест предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Некои ентузијасти мажи му „симнуваат капа“ поради неговата оригинална идеја, додека некои девојки ја советуваат неговата поранешна сопруга да ангажира добри адвокати и да докаже дека тој е вистински сопственик на скапите автомобили и куќи…
Проблемот е што добрите адвокати чинат многу, прашање е дали таа има пари за тоа. Од свекрвата сигурно нема да ги добие.