Top Sport

Хакими му се извинил на Инфантино: Тој ми е пријател, многу го почитувам

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен и на мароканската репрезентација, Ашраф Хакими му се извинил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за инцидентот кој се случил по крајот на мечот за трето место на СП во Катар, кој Мароко го загуби со 2:1 од Хрватска.

Хакими по мечот му се приближил на Инфантино и му врескал, лут на судењето при поразот од Хрватска, но и контроверзните судиски одлуки во полуфиналниот пораз од Франција.

„Ништо не се случи. Бев лут по поразот. Бев да зборувам со него, му се извинив за тие зборови кои ги кажав. Тој ми е пријател и многу го почитувам, така што ништо значајно не се случи“, изјавил Хакими.

Хакими му врескал во лице на Инфантино, ФИФА барала да се избрише снимката

Scroll to Top