Top Sport

Хакими му врескал во лице на Инфантино, ФИФА барала да се избрише снимката

Ѕвездата на мароканската репрезентација, Ашраф Хакими бил толку лут по поразот од 2:1 од Хрватска во мечот за 3. место на Светското првенство во Катар, што врескал во лице на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по што ФИФА наводно се обидела да ги избрише снимките од инцидентот.

Мароканците сметаа дека заслужиле пенал во финишот на мечот, кога обидодот со глава на Јусеф Ел-Несири заврши во раката на Бруно Петковиќ, а исто така беа лути што не им беа досудени два пенали во полуфиналето против Франција, за што поднесоа и официјална жалба до ФИФА. Според присутните новинари, Хакими му се приближил на претседателот на ФИФА за да го искаже своето незадоволство, а ФИФА се погрижила снимките да не станат јавни.

„Тој стоеше пред Инфантино, на помалку од пет сантиметри и му викаше за судиите. Беше чудно да се гледа“, вели холандскиот новинар на НОС, Том Егберс.

„Сакаа да ги избришеме снимките, бидејќи беше јасно дека беше засрамувачки за нив“, додаде Јохан Куцукаслан од „СВТ спортс“.

Scroll to Top