Top Sport

Халанд продолжува да урива рекорди во Англија

Ерлинг Халанд продолжува да воодушевува со статистичките параметри во својата прва сезона во Премиерлигата. Норвежанецот најбрзо стигна до четвртиот хет-трик во Премиерлигата, по неговите три гола против Вулверхемптон (3:0) во 21. коло од Премиер лигата.

На норвешкиот голгетер беа потребни само 19 натпревари за да го забележи овој импресивен подвиг. Рекордот претходно го држеше Руд ван Нистелрој, кој има четири хет-трика на 65 натпревари.

Најверојатно Халанд ќе го испрати во историјата и рекордот на Алан Ширер, кој направи пет хет-трика во една сезона – 1995/96. Сега го дели второто место со Хари Кејн, кој постигна три гола на четири натпревари во сезоната 2016/17.

Ерлинг Халанд досега има постигнато 25 гола во сезоната во Премиерлигата. Тоа е повеќе од најдобрите стрелци во последните три години.

Минатата сезона Мохамед Салах и Хјонг-Мин Сон постигнаа 23 гола и ја поделија „Златната копачка“. Во сезоната 2020/21, Хари Кејн постигна 23 гола, а во сезоната 2019/20 исто толку голови даде и Џејми Варди.

Scroll to Top