Top Sport

Халанд за провокацијата на Нејмар: Убаво е што покажаа дека медитацијата е важна

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, 19-годишниот Ерлинг Халанд вели дека не бил посебно вознемирен од потсмевањето кое го доби од Нејмар и од Пари Сен-Жермен, кои се почувствуваа навредени од младиот Норвежанец.

Халанд, кој потпиша за Дортмунд од Салцбург во јануари, постигна два гола против ПСЖ во осминафиналето на ЛШ, предводејќи ги до 2:1 победа, пред неговиот тим да загуби на „Паркот на принцовите“ со 2:0 и да биде елиминиран. По постигнувањето на головите, Халанд прославуваше како и секогаш со поза за медитирање, нешто што потоа Нејмар го повтори во реваншот, пред целиот тим да се фотографира така.

Фудбалерите на ПСЖ тврдеа дека биле налутени од постот на Инстаграм на Халанд на кој тој наводно напишал: „Париз е мој град, не ваш“. Сега, Халанд првпат проговори за обидот за потсмевање.

„Мислам дека е добро што тие успеаја на дел од светот да покажат дека медитацијата е важна работа, така што за тоа сум благодарен. Јас уживам во мојата игра и секогаш сум насмеан“, вели Халанд во интервју за „ЕСПН“.

Тој додава дека Кристијано Роналдо му останува огромна инспирација поради посветеноста и желбата за успех.

„Можете да видите на неговото лице дека сака да каже: ’Денеска, јас сум главниот човек и ќе дадам голови’. И го прави тоа секогаш“, додава Халанд.

Нејмар се потсмеваше со Халанд (видео)

Целиот тим на ПСЖ го провоцираше Халанд (Видео)

Scroll to Top