Top Sport

Хамес бил херој при спасувањето на животот на Усман Кулибали

Хамес Родригез бил човекот кој му го спасил животот на противникот Усман Кулибали, кога тој доживеа срцев напад на меч од Катарската суперлига пред неколку дена.

Хамес направи трансфер од Евертон во Ал-Рајан во септември и во текот на викендот беше дел од тимот кој играше против Ал-Вакра, кога Кулибали колабираше покрај голот. Колумбиецот истрчал веднаш до фудбалерот од Мали, за да му помогне пред да пристигне медицинскиот тим.

Според лекарите, Родригез решил да му ја помести главата на Кулибали, со што 32-годишниот ветеран почнал да дише нормално и тоа било „клучно“ при спасувањето на неговиот живот.

По инцидентот, мечот беше откажан при 1:0 водство на Ал-Рајан, пред да биде преигран во понеделникот, кога Родригез постигна два гола и имаше една асистенција за 30 победа.

Вознемирувачки сцени од Катар – Усман Кулибали колабираше на терен

Scroll to Top