Самир Хандановиќ го продолжил договорот со Интер до јуни 2022 година. Актуелниот договор на Словенецот му истекувал во 2021 година, но во договорот со клупските челници тој го продолжил за уште една година.
Хандановиќ најверојатно кариерата ќе ја заврши во Интер бидејќи кога ќе му истече новиот договор ќе има 38 години.
Антонио Конте има целосна доверба во Хандановиќ, но во летниот преоден рок ќе бара голман кој ќе може во иднина да го наследни Словенецот. Интер биде заинтересирани за Муса од Удинезе и Раду од Парма.
Хандановиќ во 2012 година за сума од 12 милиони евра од Удинезе пристигна во Интер. Словенецот оваа сезона настапил на 26 натпревари во Серија А.