Италијанската втора лига, Серија Б, е официјално суспендирана, потврди апелациониот суд на Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ) по хаосот околу тоа кој има право да учествува во новата сезона.
Се веруваше дека со одлуката на ЦОНИ да го одбие барањето на Про Верчели, Новара, Катанија, Сиена и Тернана за влез во Серија Б се смири „хаосот“ во лигата која стартуваше со 19 наместо со 22 клубови, клубот на Про Верчели успеа со локална тужба во областа Лацио да ја поништи одлуката по што втората лига официјално е „стопирана“.
„Во петок, на 21 септември, комитетот ќе разгледува дали Серија Б ќе продолжи со 19 или со 22 клуба. Ако се работи за 22 клуба, до понеделник ќе се знаат имињата на трите тима кои ќе влезат во лигата“, вели Франко Фратини од ЦОНИ.
Серија Б вообичаено има 22 клубови, но откако Бари, Авелино и Чезена банкротираа во текот на летото, Лега Серија Б реши да остане со 19 клубови, нешто што ги натера именуваните клубови да се обидат преку суд да добијат место во втората лига.