Top Sport

Хасани потпиша за данскиот второлигаш Хелсингор

Ферхан Хасани кариерата ја продолжува во Данска. Поранешниот македонски репрезентативец кој ова лето си замина од Шкендија, одлучи да потпише договор со данскиот второлигаш Хелсингор.

Хасани спогодбено го раскина договорот со Шкендија една година пред истекот и одлучи повторно да замине во странство, прифаќајќи ја понудата на Хелингор.

Хасани во минатото настапуваше и во елитата на Данска, како член на Брондби.

Scroll to Top