Менаџерот на Њукасл, Еди Хау им врати на Гери Невил и на Џејми Карагер околу критиките кои поранешните фудбалери ги имаа за саудиските газди на англискиот клуб, посочувајќи дека ќе се држи до тоа што го знае, а тоа е фудбалот.
По санкциите кои ги доби Роман Абрамович во Челси, Карагер и Невил посочија дека ниту газдите на Њукасл, саудискиот државен фонд (ПИФ) не се „чисти“ околу прекршувањето на човековите права, посочувајќи на егзекуцијата на 81 луѓе минатата недела, наводно поради поврзаност со тероризам.
„Јас сум тука да менаџирам фудбалски тим. Во модерниот свет, очигледно дел од мојата работа е да знам што се случува низ светот и полека се едуцирам. Ги почитувам Гери Невил и Џејми Карагер и немам проблем со тоа што го кажуваат. Но, на крајот, мое право е што ќе кажам и кога ќе кажам. Од моја перспектива, полето на специјализација е фудбалот. Тоа го знам и тоа го работам. Кога ќе зборувам за теми кои не ги познавам може да биде опасно, така што ќе останам на тоа што го знам. Горд сум што го претставувам овој клуб, навивачите и градот и работиме да создадеме тим на кој ќе се гордееме“, вели Хау.
?️ “My specialist subject is football”#NUFC boss Eddie Howe has admitted he does not feel qualified to answer questions over the club’s Saudi owners amid football’s ongoing geo-political debate. pic.twitter.com/yZ0wf8OSyK
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) March 16, 2022