Селекторот на Канада Џон Хердман со одбрани зборови им се обратил на своите избраници по поразот од Белгија (1:0) на отворањето на Светското првенство.
Канада по 36 години повторно е дел од планетарната смотра. Против Белгија, Канаѓаните доминираа, но не успеаја да постигнат гол. На крајот доживеаја незаслужен пораз.
„Само им ја покажав статистиката. Им кажав дека припаѓаат овде и дека сега одиме да ги еб..е Хрватите. Така е наједноставно. Тоа е нашата следна мисија“, им рекол Хердман на своите играчи.
Канаѓаните имаа 21 удар наспроти деветте удари на Белгијците, но решавачки беше голот на Миши Батшуаји во 44. минута.