Хери Кејн признава дека Тотенхем го преживуваат „најтешкиот период досега“ откако англискиот напаѓач е дел од првите 11 во северен Лондон.
Тотенхем, кои лани стигнаа до финалето во Лигта на шампионите, имаат само 3 победи во 12 меча во сите натпреварувања оваа сезона, резултати кои вклучуваат 2:7 пораз од Баерн Минхен дома, како и елиминација од третолигашот Колчестер во Лига купот. Тотенхем утре ја пречекуваат Црвена звезда во обид да останат во игра за пласман во ЛШ и Кејн признава дека моментот е „најлош“ досега.
„Кога ќе ги погледнете резултатите, јасно е дека не е лесно. Секако, нема фудбалер кој не сака да победува. Но, ова е уште еден предизвик кој мораме да го поминеме, предизвик за мене и предизвик за клубот. Не е лесно да се стигне до успех“, вели Кејн.
Англискиот напаѓач има постигнато пет гола во Премиер лигата оваа сезона, но тоа не помогна за добри резултати. Маурисио Почетино признава дека е тешко, но дека полека се враќа самодовербата во тимот.
„Тоа е фудбалот. Не сум изненаден. И кога не фалевте, ни беше јасно дека се важни само победите. Поради финалето од ЛШ, сега ситуацијата изгледа полоша“, признава Почетино.