Top Sport

Херта го отпушти Фреди Бобич

Фреди Бобич е отпуштен од функцијата спортски директор на Херта Берлин, соопшти бундеслигашот. Херта загуби од градскиот ривал Унион Берлин со 2:0 и се наоѓа на претпоследното место на табелата во Бундеслигата.

Медиумите шпекулираа дека тренерот Сандро Шварц ќе добие отказ по натпреварот, но во оваа фаза само спортскиот директор Бобич ја плати цената за слабите настапи на Херта.

51-годишниот поранешен германски репрезентативец беше назначен во клубот во 2021 година, откако ја напушти истата функција во Ајнтрахт Франкфурт.

Scroll to Top