Челси го забележа максималниот ефект по првите пет кола во Премиер лигата и го задржа чекорот со Ливерпул. Во оваа рунда победи забележаа и Манчестер сити, Арсенал, Борнмут и Кристал Палас.
Челси со хет-трикот на Еден Азар го совладаа Кардиф, иако гостите во 16.минута преку Бамба го постигнаа првиот гол. Азар направи пресврт до крајот на полувремето со головите во 37. и 44.минута, а хет-трикот го комплетираше во 80.минута. Три минути подоцна Вилијан го постави конечниот резултат.
Актуелните шампиони, Манчестер сити, без проблеми се справија со Фулам. Сане и Давид Силва постигнаа по еден гол во првите 20 минути, а точка на натпреварот стави Стерлинг во 47.минута.
Арсенал успеа да победи на тешкото гостување во Њукасл. „Тобџиите“ мечот го решија во вториот дел кога со головите на Џака во 49. и Езил во 58.минута поведоа со 2:0. До карајот Њукасл само го ублажи поразот преку Кларк во 91.минута.
Кристал Палас г освои бодовите во Хадерсфилд. Еден гол им беше доволен на гостите од Лондон за да стигнат до победата. Голот го постигна Заха во 38.минута.
Борнмут го декласира Лестер, иако гостите во последните две минути постигнаа два гола преку Медисон и Олбрајтон. Претходно за Борнмут два гола постига Фрејзер, а по еден Кинг и Смит.