Македонскиот интернационалец Илија Несторовски има претсезона од соништата. Тој погоди и на третиот пријателски меч за Удинезе, а денеска постигна хет-трик во триумфот од 3:0 над словенечкиот тим Илирија.
Несторовски даде еден гол и против Лиенц, а двапати стрелаше на мечот против Унион Берлин.
Тој го почна денешниот натпревар на клупата за резерви, а головите ги постигна во второто полувреме.