Top Sport

Холивудската ѕвезда Рајан Рејнолдс го купува Рексам?

Канадската филмска ѕвезда, Рајан Рејнолдс е неочекувано најголем фаворит да стане сопственик на петтолигашот Рексам АФЦ, јавуваат британските медиуми.

Покрај Рејнолдс, ѕвездата од филмот „Дедпул“, негов коинвеститор е Роб Мекелхени, креаторот на ТВ серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија“. По состанокот на организацијата на навивачи, клубот во средата објави дека го одобрувап планот на Рејнолдс и Мекелхени, кои сега ќе мораат да ја претстават својата визија за иднината пред повторно да се гласа.

Двајцата се последни холивудски ѕвезди кои инвестираа во светот на фудбалот. Вил Ферел е ко-сопственик на Лос Анџелес ФЦ, клубот кој се приклучи на МЛС лигата во 2018, додека Натали Портман е ко-сопственик на новиот женски клуб од Лос Анџелес кој ќе се формира во 2022 година.

Рексам, иако е во Велс, игра во англискиот фудбалски систем, и е клуб основан во 1864 година, како трет најстар професионален клуб на светот и најстар велшки клуб. Во 2007/08 тие играа во втората лига.

Scroll to Top