Човекот кој успеа да влезе на теренот на мечот од Ла лига помеѓу Мајорка и Барселона и покрај тоа што мечот се играше без публика вели дека сакал да го оствари својот сон и да се фотографира со Лионел Меси, откако тој сруши уште еден рекорд.
Меси во седми меч во низа против Мајорка постигна гол, за да има вкупно 12 гола (од кои два хет-трика), а исто така има барем 20 голови во 12 сезони во Ла лига.
Сепак, најмногу интерес предзвика случката во 54. минута, кога еден навивач на Меси во аргентински дрес успеа да го избегне обезбедувањето и да влезе на теренот на „Сон Моикс“ во обид да се фотографира со Меси.
„Го планирав тоа пред корона вирусот. Пристигнав со другарите во 40. минута, се прекачив преку ограда од два метри и дојдов на трибините, па по скалите до теренот. Меси ми е идол. Сакав фото со него, но на крајот не успеав. Врескав ’Меси, фото, Меси’. Не жалам, искуството беше фантастично“, вели францускиот навивач.
Partido a puerta cerrada… ¡Y salta un espontáneo al césped!#VolverEsGanar pic.twitter.com/XOcHdDgabW
— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) June 13, 2020