Македонски репрезентативец Енур Тотре официјално е промовиран во новиот клуб Ворскла Полтава. Тој одлучи да се пресели во Украина и покрај воените дејствија што се одвиваат во оваа држава.
25-годишниот Тотре претходно ја заврши соработката со албанскиот прволигаш Тирана.
Тотре во македонскиот шампионат настапуваше за тетовскиот клуб Шкендија, а има два настапи за македонската сениорска репрезентација.