Top Sport

Тен Хаг: Го сакаме Френки? Не сум знаел!

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг инсистира дека не би имал проблем за клубот да заврши преодниот рок за клубот и да не може да ги обезбеди своите први цели, вклучувајќи го Френки де Јонг, кој наводно е клучен играч за неговиот план, но тој одбива трансфер од Барселона иако клубот веќе се согласи да даде 63 милиони фунти.

„Ѓаволите“ остануваат сигурни дека ќе го добијат Де Јонг до крајот на преодниот рок, но ја почнуваат сезоната во Премиерлигата со неделниот меч со Брајтон без него, и со неизвесна иднина на Кристијано Роналдо.

„Најубаво ќе биде да го завршиме пазарот пред крајот на преодниот рок, но на крајот имам тим и задоволен сум од него. Имаме прогрес со фудбалерите, а и среќен сум од тие кои пристигнаа досега. Не ни треба било кој играч, потребен ни е точниот играч. Ако не е так, тогаш е подобро да не потпишуваме со никого. Го сакаме Френки? Не сум знаел. Не можам да коментирам за фудбалери кои имаат договор со друг клуб“, вели Тен Хаг.

Тој исто така зборуваше за Роналдо, неговата желба за заминување, како и ситуацијата во која Португалецот си замина од „Олд Трафорд“ предвреме од пријателскиот меч со Рајо Валјекано во неделата.

„Сакам да посочам дека имаше повеќе фудбалери кои заминаа од стадионот, но фокусот е на Кристијано. Тоа не е во ред. Но, јас сум среќен што имаме таков врвен напаѓач. Среќен сум што е со тимот и остануваме со плнот. Работиме добро, напорно, културата на однесување е одлична, а Кристијано работи навистина многу“, додава Тен Хаг.

Scroll to Top