Top Sport

И покрај војната, македонски репрезентативец одлучи да игра фудбал во Украина

Македонски репрезентативец Енур Тотре официјално е промовиран во новиот клуб Ворскла Полтава. Тој одлучи да се пресели во Украина и покрај воените дејствија што се одвиваат во оваа држава.

25-годишниот Тотре претходно ја заврши соработката со албанскиот прволигаш Тирана.

Тотре во македонскиот шампионат настапуваше за тетовскиот клуб Шкендија, а има два настапи за македонската сениорска репрезентација.

Scroll to Top