Top Sport

Игор Бишчан ќе биде нов тренер на Стефан Ристовски во Динамо Загреб

Игор Бишчан е нов тренер на хрватскиот првак Динамо Загреб. Тој веднаш ќе го преземе тимот и ќе го води веќе во сабота на натпреварот против Локомотива во првенството на Хрватска.

Бишчан е актуелен селектор на репрезентацијата на Хрватска до 21 година, каде сега ќе го замени Ивица Олиќ.

Динамо Загреб го отпушти Анте Чачиќ откако беше елиминиран од Шибеник (2:1) во Купот на Хрватска.

Дресот на хрватскиот шампион го носи капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски.

Scroll to Top