Top Sport

Играчите попуштиле под притосокот од Нојер и Горецка

Германија доживеа вистински дебакл на Светското првенство во Катар. Германците не успеаја да ја минат групата во конкуренција на Јапонија, Шпанија и Костарика.

Репрезентацијата која низ историјата четири пати била светски првак и уште толку пати играла во големото финале, првенството го започна со шокантниот пораз од Јапонија (1:2), потоа одигра 1:1 со Шпанија и на крајот ја победи Костарика (4:2).

Покрај по бледите издание на трите натпревари, Германците останаа запаметени и по она што го нправија пред почетокот на натпреварот со Јапонија, кога сите играчи ја прекрија устата, во знак на протест, откако ФИФА забрани да се носат капитенсите ленти во боите на виножитото.

Таа слика го обиколи светот, а откако играчите го напуштија Катар, медиумите открија дека од целиот тим само двајца сакале да го направат тоа.

„Само Мануел Нојер и Леон Горецка инсистираа да го направат тој гест пред мечот со Јапонија. Останатите играчи, како и другите репрезентации, не сакаа да направат ништо“, пренесува „Дас Ерсте“.

„Билд“ наведува и дека Горецка и Нојер ги принудиле соиграчите, на нивна страна бил само Јосуа Кимих, додека останатите на крајот попуштиле под притисокот.

Scroll to Top