Top Sport

Нејмар ќе биде подготвен за Јужна Кореја

Ѕвездата на бразилската репрезентација Нејмар треба да биде подготвен за нокаут фазата на Светското првенство.

Нејмар на социјалните мрежи испрати порака до бразилските навивачи. Нејмар го цитираше најголемиот хит на Џејмс Браун.

Пораката е јасна – тој се чувствува добро, а проблемите со зглобот по мечот со Србија се минато.

Останува само прашање дали ќе биде во стартниот тим против Јужна Кореја, со оглед на тоа што не тренираше речиси една недела. Поради повредата тој ги пропушти дуелите со Швајцарија и Камерун.

Натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја е закажан за в понеделник од 20 часот.

Scroll to Top