Top Sport

Реакциите од Шпанија го навредиле Гасперини

Тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини се соочи со бројни критики откако призна дека бил заразен со коронавирусот кога го предводел својот тим на „Масталја“ против Валенсија во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар кој овие екипи го одиграа во Милано се смета за „биолошка бомба“ која придонела за побрзо ширење на опасниот вирус.

Реваншот се одигра без публика во Валенсија, а тренерот на Аталанта открил дека тогаш ги имал сите симптоми дека е заразен со ковид-19.

Гасперини признал дека се чувствувал многу лошо ден пред реваншот на „Месталја“, поради што на негова адреса пристигнаа голем број на критики од Шпанија. Од Валенсија истакнаа дека се изненадени од неговата постапка и дека тој се однесувал неодговорно, бидејќи на тој начин на ризик изложил голем број на луѓе.

„Тие коментари се навредливи. Знам дека ги почитував протоколите, бев во карантин како и сите други. Дури во мај открив дека сум бил заразен“, рекол Гасперини.

„Чувствував болка, но никогаш немав покачена температура или проблеми со белите дробови. Се чувствував добро кога го нашуштивме Бергамо. Проблеми имав дури наредниот ден. Полемиката која сега се води е навредлива и грда“.

Аталанта успеа да ја мине Валенсија со вкупен резултат 8:4. Пласманот во четврт-финалето е најголемиот успех во историјата на клубот.

Scroll to Top