Top Sport

Игуаин за пензионирањето: Татко ми погрешно зборуваше, јас ќе одлучам

Напаѓачот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин го демантираше сопствениот татко кој изјави дека Аргентинецот заминува во фудбалска пензија на крајот на сезоната.

Хорхе Игуаин изјави дека по крајот на договорот со Мајами во декември, 34-годишниот Гонзало ќе оди во пензија, иако американскиот клуб има опција да му го продолжи договорот на уште една сезона. Игуаин вели дека неговиот татко погрешно го сфатил.

„Тоа беше лошо разбирање помеѓу мене и него. Никогаш не му кажав дека се пензионирам. Тој згреши што зборуваше и ова е далеку од реалноста. Фокусиран сум на клубот, на мојот договор и кога ќе дојде време за одлука, јас ќе го кажам последниот збор. Секако, блиску сум до времето кога ќе сопрам со фудбалот, но не размислувам за тоа во моментов“, вели популарниот Пипита.

Игуаин дојде во Интер Мајами од Јувентус во септември 2020, и има 44 настапи и 15 гола за клубот кој е во делумна сопственост на Дејвид Бекам. Оваа сезона, тој има два гола во 5 меча. Игуаин во 2007 дојде во Реал Мадрид од Ривер Плата, освојувајќи три титули во Ла лига, по што замина во Наполи, каде што помина три години пред  да направи трансфер во Јувентус, кои подоцна го позајмуваа во Челси и Милан.

Scroll to Top