Top Sport

На аукција дрес на Марадона – Почетна цена 4.000.000 фунти

Дресот на Диего Армандо Марадона од четврт-финалето на Светското првенство во 1986 година, против Англија, ќе се најде на аукција.

Марадона, во четврт-финалето со два антологиски гола ја однесе Аргентина во наредната фаза, а подоцна и до светската титула.

Првиот од двата гола влезе во историјата како „Божја рака“.

По натпреварот Марадона го смени дресот со Стив Хоџ. Во негова сопственост дресот е повеќе од 35 години.

„Стоби“ ќе го изложи дресот во своите простории во Лондон. Интернет аукцијата ќе трае од 20.април до 4.мај. Почетната цена на дресот изнесува 4.000.000 фунти.

Се претпоставува дека дресот на Марадона ќе го урне рекордот на легендарниот бејзбол играч, Бејб Рут. Неговиот дрес во 2019 година е продаден за 5.900.000 долари.

Scroll to Top