Иако Антонио Конте јавно порача дека не му е потребен во тимот, Мауро Икарди нема намера да го напушти Интер. Икарди зад себе има тешка сезона, успеа да го навлече гневот на сите во клубот, а не е повеќе омилен ниту кај навивачите.
Аргентинецот се поврзува со Јувентус, Наполи и Рома, а вчера неговата сопруга која му е и менаџер Ванда Нара ја одби понудата од Монако.
Дека во Интер не сметаат на Икарди покажува и одлуката „деветката“ да му ја доделат на Ромелу Лукаку. Сепак Икарди сака да остане, иако веќе еден месец не тренира со клубот.
Тој дури одбрал и број за наредната сезона, Спортмедиасет тврди дека ќе ја земел „седумката“. Потврда за оваа информација од клубот засега нема.