Претседателот на ФИФА, Џани Инфаантино го обвини Западот за „хипокризија“ околу огромниот број на критики за Катар пред стартот на Светското првенство, по контроверзите околу работниците-имигранти и ЛГБТ и човековите права во арапската земја.
„Слушнавме многу, многу лекции од некои Европјани, од западниот свет. Мислам дека за тоа што ние Европјаните го правевме последните 3.000 гоини треба да се извинуваме во следните 3.000 години пред да почнеме да даваме морални лекции на луѓето. Денеска се чувствувам Катарец. Денеска се чувствувам Африканец, хомосексуалец, мигрант. Секако, не сум ниту Катарец, ниту Арап, ниту хомосексуалец, но знам што значи да се биде дискриминиран, да се биде странец во туѓа земја. Што правите тогаш? Се обидувате да контактирате, да направите пријатели. Не почнувате со обвинувања, тепачки, навреди, туку со комуникација. Тоа треба да го направиме“, вели Инфантино.
Тој исто така им порача на европските земји да бидат како Катар и да ги пуштат мигрантите во нивните земји.
„Ако Европа навистина се грижи за судбината на овие млади луѓе, треба да направат како Катар, да направат легална рамка за тие работници да пристигнат во Европа. Пониски приходи, но надеж за другите. Овие морални лекции во основа се само дволичност“, додава Инфантино.
FIFA President Gianni Infantino at news conference in Doha: “Today I feel Qatari. Today I feel Arab. Today I feel African. Today I feel gay. Today I feel disabled. Today I feel a migrant worker” pic.twitter.com/GozWBXd1Fd
— Dan Roan (@danroan) November 19, 2022