Top Sport

Интер 10 пат по ред ќе има свој претставник во финалето на СП

Во моментот кога Лаутаро Мартинез го реализираше последниот пенал за Аргентина против Холандија и ги однесе „гаучосите“ во полуфиналето на Светското првенство во Катар, продолжи една неверојатната мундијалска серија.

Цели 40 години, односно во последните 10 финалиња на СП, играл и ќе игра барем еден играч на Интер.

Интер се пофали дека по десетти пат ќе има претставник во мечот за титулата. Еден спротив друг во полуфиналето ќе бидат Марцело Брозовиќ (Хрватска) и Лаутаро Мартинез (Аргентина).

Еден од овие двајца ќе биде играч на Интер во финалето на Светското првенство во Катар.

Фудбалер на Интер последен пат беше светски шампион во 2006 година, кога Марко Матераци го освои Светското првенство со Италија, а беше стрелец и во финалето против Франција.

Scroll to Top