Top Sport

Нејмар не знае дали и во иднина ќе игра за Бразил

Нејмар ниту во третиот обид не успеа да го освои Мундијалот. По елиминацијата од Хрватска, многумина го поставија прашањето дали тој ќе се повлече од националниот тим.

Иако Бразил поведе во финишот на првото продолжение со неговиот гол, Хрватска успеа да израмни и потоа во пенал серијата да се пласира во полуфиналето на Светското првенство.

Нејмар веќе има 30 години, што значи дека ќе има 34 за време на следното Светско првенство во САД, Мексико и Канада.

„Ќе треба добро да размислам, не сакам брзам со одлуката. Ми треба време да размислам што е добро за мене, а што е добро за репрезентацијата. Не сакам да ја затворам вратата, но ниту да кажам дека 100 отсто ќе останам“.

Нејмар против Хрватска го постигна 77 гол во дресот на националниот тим, со што на вечната листа се израмни со легендарниот Пеле.

Scroll to Top