Top Sport

Интер е „владетелот“ на Милано и на третото место (видео)

Интер го доби „Дерби дела мадонина“, совладувајќи го Милан со 3:2 на условно „гостински“ терен за да ги прескокне „росонерите“ на третото место на табелата во Серија А во исто време ставајќи крај на победничката низа на градскиот ривал.

Со овој важен триумф за самодовербата на тимот на Лучано Спалети, Интер е трет со 53 поени, два повеќе од Милан, додека на четвртото место е Рома со 47 во интересна борба за местата кои водат во Лигата на шампионите, откако Наполи, и посебно Јувентус се предалеку на врвот.

Интер имаа одлично прво полувреме, во кое рано дојдоа во водство преку Уругваецот Матијас Весино по асистенција на Лаутаро Мартинез. „Нераѕурите“ ја имаа контролата на топката и покрај тоа што Милан неколку пати „притисна“, додека во исто време создаваа многу лесно шанси за гол против слабата одбрана на Мила. Пјатек беше само сенка од неговите одлични партии во претходните мечеви.

Само што почна второто полувреме, Интер го зголеми водството на 0:2, откако Политано од слободен удар го пронајде Де Фрај во 51. минута, кој беше сам и го совлада Донарума без проблеми. Милан успеа бргу да се врати во мечот, откако во 57. минута по слободниот удар на Чалханоглу, Тимуе Бакајоко со силен удар со главата го совлада Хандановиќ.

Како што се врати ентузијазмот кај фановите на „росонерите“, така набргу тој спласна откако во 66. минута беше досуден пенал за Интер, откако Политано беше сопнат од Кастилехо и Лаутаро Мартинез лесно ја врати предноста од два гола. Но, тука не беше крајот – по уште еден скратен корнер во 71. минута, Сусо нафрли, а Д’Амброзио се обиде да го совлада Хандановиќ, но топката отиде кај Матео Мусакио, кој намали на 2:3.

Тогаш играта почна да станува понервозна и погруба и на крајот Милан мечот го заврши со 10 играчи по црвениот картон за Андреа Конти во 88. минута, две минути откако Пјонтек ја имаше својат најдобра шанса на мечот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top