Top Sport

Меси со хет-трик го понижи Бетис (видео)

Лионел Меси уште еднаш докажа дека е еден од најневеројатните фудбалери кои било кога ја „тркалале бубамарата“ откако постигна хет-трик за 4:1 победа на гости на Барселона против Реал Бетис, поигрувајќи се со фановите во Севилја, кои мораа да станат на нозе посебно по фантастичниот трет гол во финишот на мечот.

Победникот на мечот изгледаше решен во првото полувреме, во кое неверојатниот Аргентинец постигна два гола (18. и 47. минута), пред Луис Суарез во 63. минута да зголеми на 0:3. Лорен во 82. минута им даде надеж на фановите на „Бенито Вилјамарин“ дека е можно чудо, пред Меси да постигне еден неверојатен гол за свој 51. хет-трик во кариерата.

 

Со победата и вчерашниот неочекуван пораз на Атлетико Мадрид во Билбао, Блауграна сега има 10 поени предност на врвот на Ла лига на само 10 меча пред крајот на сезоната.

ЛА ЛИГА, 28. КОЛО

Еибар – Валјадолид 1:2

Еспањол – Севилја 0:1

Валенсија – Хетафе 0:0

Вилјареал – Рајо Валјекано 3:1

Реал Бетис – Барселона 1:4

Scroll to Top