Двата фудбалски гиганти од Милано, Интер и Милан потврдија дека имаат намера да го срушат стариот „Сан Сиро“ и да го заменат со нов стадион.
Минатата недела италијанските медиуми објавија дека двата клуба се согласиле на планот за нов стадион, кој ќе чини околу 700 милиони евра и ќе биде изграден до 2022 година, а сега претставници на двата клуба го потврдија ова.
„Ќе имаме нов ’Сан Сиро’ веднаш до стариот, во истата област. Стариот стадион ќе биде срушен и на негово место ќе биде изграден новиот стадион“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони за новинската агенција „АНСА“.
И генералниот директор на „нераѕурите“, Алесандро Антонело ја потврди веста, така што сега се чека одобрување на плановите од страна на градоначалникот на Милано, Бепе Сала, кој претходно бараше модернизација на стадионот.
Интер и Милан ќе се откажат од „Сан Сиро“, славниот стадион ќе биде срушен?