Top Sport

Интер ќе понуди 30 милиони евра за да го купи Лукаку

Раководството на Интер во рок од неколку дена ќе упати официјална понуда до Челси за купување на Ромелу Лукаку. „Нероаѕурите“ првично сакаа да го вратат Белгиецот на позајмица со опција за откуп на крајот на сезоната, но од „Стемфорд бриџ“ одбија да го пуштат напаѓачот на таков начин и сакаат само целосно да го продадат ова лето.

Според „Газета дело Спорт“, финалистот од последното издание на Лигата на шампионите ќе понуди 30 милиони евра за 30-годишниот Лукаку.

Челси сака минимум 40 милиони фунти за напаѓачот со кој потпиша пред две години за 97,5 милиони фунти. Сепак, Интер се уверени дека ќе постигнат договор со Челси и Лукаку ќе се врати во тимот за почетокот на претсезоната.

 

Scroll to Top